За алатката

Зошто е создадена оваа алатка?

Главна цел на оваа алатка е да ја олесни навремената идентификација на лицата со посебни процедурални и/или потреби за прифат. Може да се користи во која било фаза од постапката за азил и во која било фаза од процесот на прифат.

Оваа алатка е интерактивна платформа која ви овозможува да ги идентификувате посебните потреби преку откривање на одредени показатели кои може да ги забележите или да ги сретнете врз основа на различни докази (информации во барањето за меѓународна заштита, медицински докази, изјави за време на личното сослушување итн.). Покрај показателите за идентификација, со алатката се даваат  општи насоки за посебните процедурални гаранции и поддршка при прифатот што може да му се обезбеди на барателот во ЕУ + контекстот.

Алатката е осмислена за поддршка на земјите-членки при спроведување на своите обврски во модифицираната  Директива за условите за прифат (2013/33EU) и Директива за постапка за азил (2013/32/EU):
 
► Идентификацијата мора да се спроведе во разумен временски период откако ќе се поднесе барање за меѓународна заштита и би требала да е тековна (член 22 од преиначената Директива за условите на прифат и член 24 од преиначената Директива за постапка за азил).  
 
► Државите членки тогаш имаат обврска да ја земат предвид специфичната ситуација на подносителите на барања на кои им е потребна поддршка при прифатот (член 21 од модифицираната Директива за условите за прифат) и специјални процедурални гаранции (Извадок 29 од Модифицирана Директива за постапка за азил).
 
Земјите-членки можат да ја вградат алатката во рамка на пообемен идентификациски механизам. Начините за негова употреба ќе зависат од националното уредување и потребите.

Како оваа алатка ја поддржува вашата секојдневна работа?

Во сите случаи, дури и таму каде што нема некоја очигледна посебна потреба, идентификацијата и процената на посебните потреби би требала да се врши врз индивидуална основа. Оваа алатка е осмислена за да овозможи практична поддршка во тој индивидуален процес на идентификација. Нејзината цел не е да ги подели барателите во одредени категории ниту да овозможи идентични услуги за сите можни посебни потреби, туку да го води корисникот низ процесот во кој може да се обезбеди соодветно индивидуално исполнување на посебните потреби на одреден подносител на барањето.
 
Во зависност од вашите потреби во својство на корисник и од тоа дали идентификацијата е извршена, можете да ги употребите индикаторите или директно да  пристапите кон релевантната категорија и одредениот степен на поддршка којшто ве интересира.

Извештај за печатење: Доколку сте задоволни со резултатите од идентификацијата и податоците кои ги презедовте, можете да го зачувате или да го испечатите извештајот во кој ќе бидат сумирани информациите за идентификација и одредување на потенцијално потребните дејства што треба да се преземат. Пред печатењето или зачувувањето на фајлот во PDF формат, можете да додадете свои забелешки, така што извештајот ќе стане составен дел од досието на барателот. Забелешките што се внесени не се преработуваат и не се зачувуваат онлајн на алатката со што се заштитени од какво било попречување.

Кое е подрачјето на примена на оваа алатка?

Показатели

Оваа алатка овозможува интерактивна платформа за идентификација на посебните потреби во рамките на азил. Тоа првенствено се однесува на потребата за идентификација на посебните потреби врз основа на клучните индикатори кои се групирани во следните категории.

Посебни потреби

Категоријата личности со посебни потреби во оваа алатка ги вклучува оние јасно споменатите во член 21 од преиначената Директива за условите на прифат , како и две категории додадени врз основа на собраните информации во врска со најновите ЕУ+ практики, особено ЛГБТИ подносителите на барања и личности со посебни потреби поврзани со родот. Алатката препознава ограничувања на секој таков развој и посочува дека посебните потреби можат да постојат надвор од поставените категории. На неписмениот барател, на пример, ќе му треба одредена процедурална помош и можна поддршка за прифат. Меѓутоа, тоа не е поставено како одделна категорија на личности со посебни потреби. Алатката исто така препознава и зема го предвид тоа дека некои баратели би можеле да спаѓаат во повеќе категории. На пример, малолетничка која доаѓа со своето семејство може да биде жртва на обрежување на женските гениталии. Доколку ги означивте соодветните индикатори, алатката ќе ја нагласи важноста на двете категории: : „малолетници со придружба” и „личности кои преживеале други тешки облици на психолошко, физичко и сексуално насилство”.

Поддршка

Освен тоа, со алатката се решаваат одредени процедурални фази, како и поддршка при прифатот и давање општи насоки. Иако е утврдено дека посебните потреби не престануваат да постојат на крајот на првостепената постапка за азил, од практични причини алатката ја зема предвид само потенцијално потребната поддршка до таа точка. Напротив, иако ги адресира последиците од одредени посебни потреби во поглед на веродостојноста, не навлегува во постапката на одлучување и во посебните потреби како потенцијални причини за доделување на меѓународна заштита. Се фокусира само на процедуралните гаранции и поддршката при прифат.

Како е развиена оваа алатка?

Оваа алатка е развиена во рамките на процесот на матрицата на квалитет на ЕКПА. Развојот на алатката ја следел методологијата на матрицата на квалитет и е изведен од едно сеопфатно мапирање на најновите практики на ЕУ+, постојните алатки и механизми за идентификација.
 
Алатката ја развила работна група на национални експерти од областа за постапка на азил и прифат, вклучувајќи експерти од Белгија, Бугарија, Малта, Шведска и Обединетото Кралство, со важни почетни совети од референтната група, вклучувајќи ја Европската комисија, Високиот комесар за бегалци на ОН (УНХЦР) и Европскиот совет за бегалци и азиланти (ЕСБА).  За материјалите за нацрт дополнително е консултирана референтна група за квалитет и со заинтересираните членови Советодавниот форум на ЕКПА. Освен тоа, пред завршувањето на алатката консултирани се сите земји- членки и нивните повратни информации се земени предвид за оваа алатка да стане корисна во различни национални контексти.
 
Би сакале да им се заблагодариме на националните експерти и сите организации кои учествувале во тоа советување со размена на своето знаење и на придонесот во овој важен развој: Association Européenne pour la Défense des Droits de l’Homme European (AEDH)(AEDH), Asylum Aid, Белгискиот совет за бегалци, Caritas International, ЕСБА, Грчкиот совет за бегалци, Меѓународното здружение на лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци, транссексулаци  и интерсексуални личности (ILGA), Меѓународната мрежа за анализа, комуникација и преобразба на кампањата против FGM/C (INTACT), Меѓународната организација за миграција (IOM), Меѓународниот совет за рехабилитација на жртви од тортура (IRCT), Језуитска служба за бегалци на Малта (JRS), Норвешката организација за баратели на азил (NOAS), Црвен крст, Заштитете ги децата (Save the Children), Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН  (OHCHR), УНХЦР и Европската комисија.

Како оваа алатка е поврзана со националните системи?

Начинот на којшто алатката е осмислена во својот главен дел, идентификувањето, универзално е применлив во кој било контекст. Ги рефлектира елементите според кои посебните потреби на некои личности се идентификуваат и тие елементи не се менуваат според државите.
 
Делот за посебни процедурални гаранции и поддршка при прифатот зема предвид дека националните уредувања можат да се разликуваат и дека посебните модалитети на достапната помош можат да бидат различни во различни држави на ЕУ+. Со алатката се овозможуваат кратки и општи насоки во тие случаи и натамошно упатување на корисникот на национална пракса.

На кој начин оваа алатка е поврзана со другите алатки на ЕКПА?

Потребно е да се нагласи дека оваа практична алатка не може ни на кој начин да ја замени потребата од обука и напори за подигнување на свеста за потенцијалните посебни потреби во однос на азилот.

Обуката е клучна за да се обезбеди дека надлежниот службеник е способен да ги идентификува навреме и ефикасно да одговори и правилно да постапи со посебните потреби на барателите за меѓународна заштита. Затоа, земјите-членки треба да обезбедат соодветна обука за различните субјекти кои можат да дојдат во контакт со барателите за меѓународна заштита во текот на постапката за азил.

Како и сите практични алатки за поддршка на ЕКПА, алатката IPSN се базира врз заедничките CEAS стандарди и утврдените добри практики. Изградена е во рамките на обезбедување практична поддршка на терен и треба да се смета како дополнување на другите достапни средства, како што се обуката, останатите практични алатки и водичи, податоци за земјата на потекло итн. Усогласеноста со тие алатки беше примарно во развивањето на неговата содржина. Конкретно, алатката е изградена во согласност со релевантните модули на ЕКПА програмата за обука како што се „Пол, полов идентитет и сексуална ориентација”, „Интервју со  ранливите лица” и„Интервју со деца” и интегриран е модулот на обука „Прифат”. Алатката IPSN исто така е во согласност и директно се однесува на јавно достапните практични водичи за Лично сослушување  и  Проценка на докази  во рамките на  „Серија на практични упатства на ЕКПА”