Како се користи оваа алатка

Кој би можел да ја користи оваа алатка?

Надлежен службеник (одговорно лице)

Поимот „надлежен службеник” се користи на општ начин, така што ги опфаќа сите службеници кои би можеле да бидат вклучени во постапката и да комуницираат со подносителите на барањата за меѓународна заштита.  Тука би можело да бидат вклучени службениците од граничната полиција, полициските службеници, службениците за регистрација, службениците за прифат, социјалните работници, одговорните службеници на надлежното тело итн. Алатката е наменета за лица без стручно познавање од областа на медицината, психологијата, трговијата со луѓе и другите сродни полиња. Значи, за многу од категориите на посебни потреби, идентификацијата врз основа на оваа алатка ќе биде прелиминарна и потоа треба да следува упатување до специјалист. Покрај тоа, додека алатката се однесува на еден надлежен службеник, може да се промовира и како добра практика за пристап кон идентификација и поддршка, што е мултидисциплинарно и вклучува специјалисти од различни области.
 
 Алатката ја осмисливме првенствено за службениците на ЕУ+, но би можела да биде корисна за секое друго лице кое е во контакт со барателите на меѓународна заштита.

Како да се користат различните делови од алатката?

Постојат различни начини за користење на ИЛПП алатката, во зависност од конкретниот случај, информациите кои ги поседувате и вашата намера.
 
ИЛПП алатката е насочена кон идентификација. Па според тоа, „прв чекор“ би бил користење на показатели. Тогаш ќе мора да направите проценка врз основа на дополнителни информации кои ги имате за тој случај, своето знаење и искуства, а потоа  меѓу наведените категории на лица со посебни потреби да ја одберете онаа која сакате да ја земете предвид  („втор чекор”). Во зависност од вашата улога во постапката за добивање азил или интерес за конкретен случај, можете потоа да одберете една или повеќе фази на поддршка  („трет чекор”).

Исто така можете директно да пристапите до содржината под  „посебни потреби”.
 
За да ги преземете упатствата од делот „поддршка”, треба да ја изберете соодветната фаза и една или повеќе категории, бидејќи наведените мерки се прилагодени на категориите.
 
Повеќе информации за различните делови побарајте во продолжение.

Како се користат индикаторите?

„Прв чекор”

Користењето на индикатори би бил вашиот „прв чекор” во ИЛПП алатката, освен ако веќе не направивте идентификација на посебните потреби и не сакате директно да пристапите до дополнителните информации во врска со соодветната категорија и/или фаза на поддршка. 
 
За да се олесни процесот на идентификација, индикаторите се групирани во категории (како што се старост, семеен статус, психосоцијален показатели, показатели во средината итн.) и во некои случаи и во поткатегории. Секој покажувач поврзан е со една или повеќе категории на лица со посебни потреби.
 
Треба да одберете толку индикатори за колку што сметате дека се применуваат на одделен барател врз основа на следењето и други достапни информации. Некои индикатори многу едноставно можат да се откријат рано во процесот, но други можат да станат очигледни во текот на поодминатата фаза (на пример кога дошло до дијагноза на тешко заболување) или потешко е да се препознаат (на пример. влошување на менталното здравје на барателот). Со оглед на тоа алатката ќе треба повторно да се разгледа кога ќе се појават нови индикатори.
 
Психосоцијални показатели: Потребно е да се нагласи дека показателите кои се дел од  „психосоцијалните показатели” не носат клиничка дијагноза. Како и кај другите показатели, би требало да изберете показатели кои сметате дека се применливи врз основа на вашето мислење и искуство во работата со барателите за меѓународна заштита: т.е.  Дали ви изгледа дека оваа личност е депресивна во споредба со другите, повлечена, ги игнорира ли другите? итн. Врз основа на оваа прелиминарна идентификација можеби ќе видите дека постои потреба да го проследите барателот на понатамошна проценка и помош.

Показателите на никој начин не се сметаат како прашања од листата  на прашања кои надлежниот службеник директно би му ги поставил на подносителот на барањето. Повеќе информации за тоа како можат да се откријат индикаторите можете да побарате во делот „докази”.

Што спаѓа во делот 'посебни потреби'?

 

Секоја од категориите за посебни потреби има почетен дел  „за оваа категорија” во која е наведен дел од контекстот во врска со таа категорија, дополнителни општи информации релевантни за идентификација и посебни потреби кои лицето може да ги има во постапката за добивање на азил.  Потоа следува дел во кој се наведуваат сите показатели поврзани со посебните потреби, а потоа делот за релевантните докази коишто би можеле да бидат достапни (на пример, личен исказ или медицински докази). Во резултатите ќе добиете потсетување дека одредени останати категории се тесно поврзани со оние коишто сте ги означиле, па со оглед на тоа можеби би било корисно да ги додадете и да ги разгледате.

„Втор чекор”
 
Бројот на означени показатели ќе се појави покрај категоријата на лица со посебни потреби со кои се поврзани. Потоа би требало да процените која од тие категории би можела да биде релевантна за одредени баратели, а некои можеби ќе можете да ги изземете врз основа на дополнителните информации достапни во листата на предмети. Бројот на означени показатели секако не е директна мерка бидејќи нормално е показателите да се со различна тежина, што не се одразува во алатката. На пример, означувањето на „(дете) без придружба”  би бил многу јасен показател дека барателот е малолетно лице без придружба. Меѓутоа означувањето „големо ниво на растревоженост” и „нарушување на спиењето” нужно не мора да значи дека подносителот на барањето преживеал мачење, силување или други тешки облици на психичко, физичко или сексуално насилство, иако бројот покрај тие категории е поголем отколку во претходниот пример. Би требало да се направи натамошна процена во многу случаи, притоа вклучувајќи ги средствата на располагање на надлежниот службеник, како и по пат на вклучување на експерт.
 
Откако сте ја направиле оваа процена во „втор чекот”, може да ги означите категориите кои ги сметате за релевантни во преземање на дополнителни информации.
 
Директен пристап
 
Во некои случаи идентификацијата на посебните потреби е веќе извршена па можете директно да пристапите кон релевантните категории така што ќе ги означите.

Што се наоѓа во делот 'поддршка'?

Откако сте ја избрале категоријата која што ве интересира, можете да ги изберете соодветните фази за добивање на кратки насоки во врска со  можните мерки за посебни процедурални гаранции и/или поддршка при прифатот:

Секоја фаза вклучува различни постапки (на пример, приспособување на собата за лично сослушување, упатување на здравствени услуги) кои надлежниот службеник посебно треба да ги разгледа. Постапките наведени во оваа алатка не се конечни и можеби ќе има потреба од одделни решенија, но кратките насоки во тие делови укажуваат на тоа што треба да се земе предвид во согласност со релевантните ЕУ стандарди.
 
Иако поддршката при прифат е еднакво битна како и чекорите во постапката, потребно е да се нагласи дека прифатот не е еден чекор и дека поддршката при прифатот е битна во сите чекори на постапката.