Општи информации

Навремена идентификација

Подносителите на барања за меѓународна заштита општо се во ранлива ситуација со оглед на неизвесноста на нивниот статус во туѓата земја. На некои баратели, меѓутоа, му е потребна понатамошна поддршка за да можат рамноправно да учествуваат во постапката за добивање на азил. Девојка која преживеала сексуално насилство тешко дека би зборувала пред машки службеник од граничната полиција во униформа, лицето кое доживеало мачење нема да зборува за деталите на своето искуство поради влијанието на траумата врз нејзиното сеќавање, подносителот на барање со оштетен слух можеби нема да може да го слушне надлежниот или преведувачот. Со оглед на тоа, на тие кандидати им треба време, поддршка, услуга и помош за ефикасно да ги презентираат своите случаи.
 
Надлежните службеници во првите фази на контакт со барателите за меѓународна заштита и сите кои се вклучени во целиот процес би требало да се свесни за потенцијалните специјални потреби. Показателите и посебните потреби би требало да бидат евидентирани во најкраток можен рок по нивното откривање и тие информации треба да им се достават на релевантни организации/службеници за да се обезбеди потребната гаранција и поддршка.

Притвор

Друга општа точка која треба да се истакне е во контекст на преиначената Директива за условите за прифаќање на притвор треба да се употреби како последен избор за оние што бараат меѓународна заштита: само ако се покаже како неопходно врз основа на одделни процени на секој предмет и ако другите помалку принудни алтернативни методи не можат ефикасно да се применат. Во случај на лица со посебна потреба на притвор треба понатаму да се земе во предвид дека нивните посебни потреби треба да се задоволат и дека нивното здравје, вклучувајќи го и менталното здравје, мора да биде примарна цел на националните тела (член 11 од преиначената Директива за услови за прифат).
 
Без оглед на горенаведеното, алатката испитува одредени гаранции кои мораат да се утврдат во случај на притвор на подносителот на барањето со посебни потреби.

Приватност/доверливост

Со алатката е нагласена важноста од зачувување и пренесување на информации релевантни за идентификација на лицата со посебни потреби. Исто така, мора да се нагласи дека собраните податоци во текот на овој процес се од приватна и/или доверлива природа.
 
Приватноста се однесува на слободата од мешање во нечии приватни работи и лични податоци (на пример, Законот за заштита на лични податоци).
 
Доверливоста се однесува на постапувањето со информациите. Кога информациите се чуваат во тајност, и затоа се доверливи, можат да се споеделуваат само ако е дозволено со национален закон и тоа само на овластени организации.  Споделувањето на податоците е ограничено на подрачјето на примена само на податоци за тие субјекти за да може да ја извршат својата функција. Доколку тоа не е дозволено со закон, носителот на информациите треба да добие согласност од лицето за да ја сподели информацијата со некоја друга организација (на пример, лични податоци да се споделат со адвокат, доктор, психолог, по правило не смеат да се обелоденуваат на трети лица без јасна согласност на клиентот/болниот).
 
Според националната пракса мора да се постават заштитни мерки за приватност и доверливост кои се применуваат при ракување со податоците.
 
По преземањето на резултатот може да се испечати и да зачува извештај во ПДФ формат. Пред печатењето/зачувувањето можат да се направат белешки директно во извештајот, вклучувајќи упатување на случајот и белешки за идентификација и/или за мерките за поддршка.  Забелешките кои ги внесувате не се обработуваат и не се зачувуваат онлајн во алатката па се заштитени од пречки.  Тие ќе бидат испечатени со извештајот или ќе бидат зачувани во пдф-верзијата откако ќе се експортира датотеката.