Skip to main content

Интелектуална попреченост

Интелектуалната попреченост се одликува со значителни ограничувања во секојдневните социјални и практични вештини. Интелектуалните попречености може да се појават на која било возраст. Во зависност од степенот и специфичноста на попречувањето, некои од нив може да бидат видливи и препознатливи, додека пак други може да се идентификуваат преку комуникација со барателот. Треба да се прави разлика помеѓу интелектуална попреченост и неписменост (мало или без формално образование со цел да се научи да се чита и пишува).