Skip to main content

Тортура

Тортура значи секој акт, преку кој на одредено лице намерно му се нанесува тешка болка или страдање - физичко или психичко – заради добивање информации или признание од него или од трето лице; негово казнување за дело кое тој или некое трето лице го извршило или се сомничи дека го извршило; негово заплашување или принудување на трето лице; или од која било причина заснована на дискриминација од каков било вид, кога таквата болка или страдање се нанесува од страна на или на иницијатива на или со согласност или прифаќање на носител на јавна функција или друго лице, кое е на службена должност. Терминот не се однесува на болка или страдање кои произлегуваат само од законски санкции или се својствени за такви санкции.“
 
Сепак, треба да се забележи дека за идентификација на посебните процедурални потреби и потребите за прифат во контекст на азил, вршителот на тортурата може да не е релевантен, затоа што последиците кај лицето би биле сериозни во секој случај.
 
Врз основа на член 1 од Конвенцијата на Обединетите Нации против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.