Задржувањето на ранливи лица и баратели со посебни потреби
1. Здравјето, вклучувајќи го и менталното здравје на барателите што се ранливи лица треба да биде примарна грижа на националните власти.
На местото на кое се задржани ранливите лица, земјите-членки треба да обезбедат регуларно надгледување и соодветна поддршка земајќи ја предвид нивната посебна состојба, вклучувајќи го и нивното здравје.
2. Малолетните лица ќе бидат задржани само како мерка за посебно засолниште и откако ќе се утврди дека не може да се применат ефективно други помалку принудни алтернативни мерки. Таквото задржување ќе трае најмал можен временски период и ќе се направи секаков обид за испуштање на малолетното лице и негово сместување на место соодветно за малолетни лица.
Примарна цел за земјите-членки се најдобрите интереси на маолетното лице, како што е одредено во член 23 (2).
На местото кадешто се задржани малолетните лица, тие ќе имаат можност за вклучување во неработни активности, вклучувајќи и забава и рекреативни активности соодветни за нивната возраст.
3. Малолетните лица без придружба ќе бидат задржани само во исклучителни околности. Ќе се направат сите обиди за испуштање на задржаното малолетно лице без придружба веднаш штом тоа е возможно.
Малолетното лице без придружба никогаш нема да биде задржано во затвор.
Колку што е возможно, на малолетното лице без придружба ќе му се обезбеди сместување во институции со персонал и олеснувања што ќе бидат земени предвид според потребите на лицата на негова возраст.
На местото каде се задржуваат малолетните лица, земјите-членки обезбедуваат услови за нивно сместување одделно од возрасни лица.
4. На задржаните семејства ќе им се обезбеди одделно сместување со загарантирана соодветна приватност.
5. На местото каде се задржани женски баратели, ќе гарантираат дека тие се сместени одделно од машките баратели, освен ако вторите не се членови од семејството и има согласност од сите индивидуи.
Исклучоци од првиот потстав може да се однесуваат на употребувањето на заеднички простор прилагоден за рекреативни и општествени активности, вклучувајќи и подготовка на оброци.
6. Во оправдани случаи и во соодветен период што би траел што е можно пократко, земјите-членки може да не го земат предвид третиот потстав 2, став 4 и првиот потстав од став 5, ако барателот е задржан на граница или во транзит зона, со исклучок на случаи што се наведени во член 43 од Директивата 2013/32/EU.