Лично сослушување
1. Пред да се донесе одлука од надредената служба, барателот има можност да добие лично сослушување за неговото/нејзиното барање за меѓународна заштита со лице компетентно според националниот закон со цел да се спроведе таквото сослушување. Личните сослушувања во однос на барањето за меѓународна заштита ќе бидат спроведени од службеници од органот. Овој потстав нема да го исклучи членот 42(2)(b).
Ако повеќе истовремени барања за меѓународна заштита од голем број граѓани од земја од третиот свет или апартиди оневозможуваат во пракса надредените органи да ги извршат навремено испитувањата за секое барање, земјите-членки може да одредат службеници од други органи што ќе бидат повремено вклучени во спроведувањето на сослушувањата. Во таков случај, службениците од другите органи однапред ќе поминат соодветна обука што ќе ги вклучи деловите наведени во член 6 (4) (а) до (е) од Регулативата (ЕУ) бр. 439/2010. Лицата што ги спроведуваат овие лични сослушувања со барателите според оваа директива исто така ќе се стекнат со потребно општо познавање на проблемите што би можеле да влијаат врз способноста на барателот за изведување на сослушувањето, како што се индикаторите дека барателот можеби претрпел тортура во минатото.
Ако барањето за меѓународна заштита е поднесено во име на штитеникот, личното сослушување ќе се изведе со возрасното лице.
Земјите-членки во националното законодавство може да ги одредат случаите во кои на малолетното лице ќе му се даде можност за лично сослушување.