Лично сослушување
2. Личното сослушување во однос на барањето нема да се спроведе ако:
(а) надлежниот орган може да донесе позитивна одлука во однос на статусот на бегалецот врз основа на расположливи докази; или
(б) надлежниот орган смета дека барателот е неподобен или онеспособен да биде сослушан поради околности што се надвор од негова/нејзина контрола. Во случај на сомнеж надлежниот орган ќе се консултира со медицинско лице за да утврди дали состојбата поради која барателот е неподобен или онеспособен за сослушување е привремена или долготрајна.
Ако не се спроведе сослушувањето согласно со точка (б) или каде што е применливо, со штитеникот, да се направат соодветни обиди барателот или штитеникот да добие можност да даде дополнителни информации.