Медицинско испитување
1. Доколку надлежниот орган смета дека е релевантно за процена на барањето за меѓународна заштита според член 4 од Директивата 2011/95/ЕУ, земјите-членки организираат медицинско испитување на барателот, со негова согласност, во однос на знаците што може да посочуваат на претходна тортура или нанесени сериозни повреди.
Медицинското испитување од првиот потстав се спроведува од квалификуван медицински персонал, а резултатот ќе биде поднесен до надлежниот орган веднаш во најкус можен рок. Земјите-членки може да ги назначат медицинските лица што ќе ги спроведуваат медицинските испитувања. Доколку барателот одбива медицинско испитување, тогаш тоа нема да го спречи надлежниот орган да донесе одлука за барањето за меѓународна заштита.
Медицинските испитувања спроведени според овој став се покриени со јавниот фонд.
2. Ако не се спроведе медицинско испитување според став 1, земјите-членки се должни да ги информираат барателите дека тие можат, на своја иницијатива и на своја сметка, да договорат медицинско испитување за знаците што може да посочуваат на претходна тортура или сериозни повреди.
3. Резултатите од медицинските испитувања според став 1 и 2 ќе бидат разгледани од надлежниот орган заедно со другите елементи од барањето.