1. Државните власти се должни да ги преземат сите соодветни законски, административни, општествени и образовни мерки за да го заштитат детето од сите форми на физичко или ментално насилство, повреда или злоупотреба, запоставување или небрежност, несоодветен третман или експлоатација, вклучувајќи и сексуално злоупотребување, додека се под закрила на родителот(ите), законскиот(те) старател(и) или кое било друго лице што се грижи за него.
2. Таквите заштитни мерки треба да вклучуваат ефективни процедури за воспоставување социјални програми за обезбедување на потребната поддршка за детето и за оние што се грижат за детето, како и други форми на заштита и за идентификација, пријавување, префрлање, истражување, третирање и информирање за примерите за злоупотреба на детето опишани погоре и за правна вклученост, како што е соодветно.