Процена на посебните прифатни потреби на ранливите лица
1. Со цел ефективно да се имплементира член 21, земјите-членки се должни да проценат дали барателот е барател со посебни прифатни потреби. Земјите-членки се должни да ја посочат природата на таквите потреби.
Таквата процена ќе се спроведе во соодветен временски период откако ќе се поднесе барање за меѓународна заштита и може да се интегрира во постоечките национални процедури. Земјите-членки ги разгледуваат таквите посебни прифатни потреби во согласност со мерките од оваа Директива, ако станат очигледни во подоцнежна фаза од постапката за азил.
Земјите-членки се должни да гарантираат дека поддршката потребна за барателите со посебни прифатни потреби во согласност со оваа Директива се заснова врз овие посебни прифатни потреби во текот на постапката за азил и соодветно ќе се следи нивната состојба.
2. Процената утврдена во став 1 не мора да биде во форма на административна постапка.
3. Само ранливите лица според член 21 може да се сметаат како лица со посебни прифатни потреби и како последица на тоа да имаат корист од посебната поддршка добиена според оваа Директива.
4. Процената според став 1 нема да ја исклучи процената на потребите за меѓународна заштита според Директива 2011/95/ЕУ.