Баратели со потреба од посебни процедурални гаранции
1. Земјите-членки во соодветен временски период по аплицирањето за меѓународна заштита проценуваат дали барателот е барател со потреба од посебни процедурални гаранции.
2. Процената според став 1 може да се интегрира во постоечките национални процедури и/или во процената утврдена во член 22 од Директивата 2013/33/ЕУ и нема потреба да добие форма на административна постапка.
3. Земјите-членки гарантираат дека онаму каде што барателите се идентификувани како баратели со потреба од посебни процедурални гаранции, ќе обезбедат соодветна поддршка со цел да уживаат во правата и да ги исполнат обврските од оваа Директива во текот на траењето на постапката за азил.
Онаму каде што не може да се гарантира соодветна поддршка во рамките на процедурите според член 31(8) и член 43, особено онаму каде што земјите-членки сметаат дека барателот има потреба од посебни процедурални гаранции како резултат на тортура, силување или други сериозни форми на психолошко, физичко или сексуално насилство, земјите-членки нема да го применуваат или ќе престанат да ги применуваат член 31 (8) и член 43. Онаму каде што земјите-членки го применуваат член 46 (6) за баратели за кои не може да се применат член 31 (8) и член 43 согласно со овој потстав, земјите-членки се должни да обезбедат барем гаранција според член 46 (7).
4. Земјите-членки гарантираат дека потребата за посебни процедурални гаранции ќе биде адресирана, според оваа Директива, во случаите во кои таквата потреба е очигледна во подоцнежната фаза на постапката, без да се започне процедурата повторно.