Малолетно лице без придружба
1. Земјите-членки во најкус можен рок се должни да ги преземат сите потребни мерки за да гарантираат дека застапникот го застапува и му помага на малолетното лице без придружба за да му/ѝ овозможи да ужива во правата и да ги исполни обврските одредени во оваа Директива. Малолетното лице без придружба ќе биде веднаш информирано за назначувањето на застапникот. Застапникот ги врши своите должности во согласност со начелото за најдобар интерес на детето, според член 23(2) и ќе има посебна обука за тоа. Со цел да се обезбеди добросостојбата на малолетното лице и социјалниот развој според член 23(б), лицето во функција на застапник ќе биде сменето само ако тоа е потребно. Организациите или поединците чии интереси се судруваат или постои можност да се судрат со оние на малолетното лице без придружба, не ги исполнуваат условите за застапници.
Ќе бидат спроведени редовни процени од надлежните органи, вклучувајќи ја и достапноста на нужни средства за застапување на малолетното лице без придружба.
2. Малолетните лица без придружба кои имаат поднесено барање за меѓународна заштита, од моментот кога ќе бидат примени на територијата до моментот кога ќе бидат обврзани да ја напуштат земјата-членка во која е поднесено барањето или е проверено за меѓународна заштита, ќе бидат сместени:
(а) со возрасни роднини;
(б) кај загрижувачко семејство;
(в) во прифатни центри со посебно обезбедување за малолетни лица;
(г) во друго сместување соодветно за малолетни лица.
Земјите-членки може да сместат малолетно лице без придружба на возраст од 16 години или над 16 години во прифатни центри за возрасни баратели, ако тоа е во нивен најдобар интерес, според член 23(2).
Доколку е возможно, браќата и сестрите ќе бидат згрижени заедно, земајќи го предвид најдобриот интерес на малолетното лице и особено неговата или нејзината возраст и степен на зрелост. Промената на престојот на малолетното лице без придружба ќе биде ограничено на минимум.
3. Земјите-членки се должни да започнат постапка за пронаоѓање на членовите од семејството на малолетното лице без придружба, ако е потребно со помош на меѓународни или други релевантни организации, веднаш штом е возможно откако ќе се поднесе барање за меѓународна заштита, со цел за заштита на неговиот или нејзиниот најдобар интерес. Во случаи каде што може да постои закана за животот или интегритетот на малолетното лице или неговите или нејзини блиски роднини, особено ако тие останале во земјата на потекло, мора да се гарантира дека ќе се спроведе собирање, процесирање и споделување на информации за тие лица врз основа на доверливост со цел да се избегне загрозување на нивната безбедност.
4. Оние лица што работат со малолетни лица без придружба треба и ќе продолжат да добиваат соодветна обука според нивните потреби и ќе бидат обврзани со правила за доверливост според националното законодавство, во однос на која било информација што ќе ја добијат во текот на нивната работа.