Малолетно лице без придружба
1. Земјите-членки во најкус можен рок се должни да ги преземат сите потребни мерки за да гарантираат дека застапникот го застапува и му помага на малолетното лице без придружба за да му/ѝ овозможи да ужива во правата и да ги исполни обврските одредени во оваа Директива. Малолетното лице без придружба ќе биде веднаш информирано за назначувањето на застапникот. Застапникот ги врши своите должности во согласност со начелото за најдобар интерес на детето, според член 23(2) и ќе има посебна обука за тоа. Со цел да се обезбеди добросостојбата на малолетното лице и социјалниот развој според член 23(б), лицето во функција на застапник ќе биде сменето само ако тоа е потребно. Организациите или поединците чии интереси се судруваат или постои можност да се судрат со оние на малолетното лице без придружба, не ги исполнуваат условите за застапници.