Малолетно лице без придружба
2. Малолетните лица без придружба кои имаат поднесено барање за меѓународна заштита, од моментот кога ќе бидат примени на територијата до моментот кога ќе бидат обврзани да ја напуштат земјата-членка во која е поднесено барањето или е проверено за меѓународна заштита, ќе бидат сместени:
(а) со возрасни роднини;
(б) кај загрижувачко семејство;
(в) во прифатни центри со посебно обезбедување за малолетни лица;
(г) во друго сместување соодветно за малолетни лица.
Земјите-членки може да сместат малолетно лице без придружба на возраст од 16 години или над 16 години во прифатни центри за возрасни баратели, ако тоа е во нивен најдобар интерес, според член 23(2).
Доколку е возможно, браќата и сестрите ќе бидат згрижени заедно, земајќи го предвид најдобриот интерес на малолетното лице и особено неговата или нејзината возраст и степен на зрелост. Промената на престојот на малолетното лице без придружба ќе биде ограничено на минимум.