Гаранции за малолетни лица без придружба
1. Во однос на сите процедури според оваа Директива и без исклучок на одредбите од членовите 14 до 17, земјите-членки се должни:
(а) да преземат мерки веднаш во најкус можен рок за да обезбедат дека претставникот го претставува и му помага на малолетното лице без придружба за негово или нејзино оспособување да ужива во правата и да ги исполнува обврските одредени во оваа Директива. Малолетното лице без придружба ќе биде веднаш информирано за назначувањето на застапникот. Застапникот ќе ги врши своите должности според начелото за најдобар интерес на детето и ќе има посебна обука за таа цел. Лицето во функција на застапник ќе биде променето само ако тоа е потребно. Организациите или поединците чии интереси се спротивставени или може потенцијално да се судрат со оние на малолетното лице без придружба, не ги исполнуваат условите за застапник. Застапникот може да биде и застапник назначен според Директивата 2013/33/ЕУ;
(б) да гарантираат дека застапникот има можност да го информира малолетното лице без придружба за значењето и можните последици од личното сослушување и, каде што е соодветно, како да се подготви за личното сослушување. Земјите-членки гарантираат дека застапникот и/или правниот советник или друг стручен советник одреден или одобрен како таков според националниот закон, ќе бидат присутни на сослушувањето и ќе имаат можност да постават прашања или да изнесат коментари во рамките поставени од лицето што го спроведува сослушувањето.
Земјите-членки може да бараат присуство на малолетното лице без придружба на личното сослушување дури и ако е присутен застапникот.
2. Земјите-членки може да не назначат претставник ако малолетното лице без придружба наскоро навршува 18 години пред да се донесе одлука од прва инстанција.
3. Земјите-членки се должни да гарантираат дека:
(а) ако малолетното лице без придружба има лично сослушување за неговата или нејзиното барање за меѓународна заштита според член 14 до 17 и 34, тоа сослушување ќе биде спроведено од лице што има потребно познавање на посебните потреби на малолетното лице;
(б) службено лице со потребно познавање на посебните потреби на малолетните лица ја изработува одлуката за надлежните органи во однос на барањето на малолетното лице без придружба.
4. На малолетните лица без придружба и нивните застапници ќе им бидат обезбедени, без никаков надомест, законски и процедурални информации според член 19 во постапките за повлекување на меѓународната заштита според поглавје IV.
5. Земјите-членки може да спроведат медицински испитувања за одредување на возраста на малолетните лица без придружба во рамките на разгледувањето на барањето за меѓународна заштита во случаите во кои, по општите изјави или други релевантни индикатори, земјите-членки имаат сомнежи за возраста на барателот. Ако земјите-членки не се сигурни за возраста на барателот, може да претпостават дека барателот е малолетно лице.
Секое медицинско испитување се спроведува со целосна почит кон достоинството на лицето, нема да биде инвазивно и ќе биде изведено од квалификуван медицински персонал кој, до одредена мера, ќе биде веродостоен за резултатите.
Ако се употребуваат медицински испитувања, земјите-членки се должни да гарантираат дека:
(а) малолетните лица без придружба се информирани пред испитувањето на нивното барање за меѓународна заштита и на јазик што тие го разбираат или се претпоставува дека го разбираат, за можноста дека нивната возраст може да биде одредена со медицинско испитување. Ова ќе вклучи информации за методот на испитување и можните последици од резултатот на медицинското испитување за разгледувањето на барањето за меѓународна заштита, како и последиците од одбивање на малолетното лице без придружба да подлежи на медицинско испитување;
(б) малолетните лица без придружба и/или нивните претставници се согласни да се изведе медицинското испитување за одредување на возраста на малолетното лице; и
(в) одлуката за одбивање на барањето за меѓународна заштита од малолетното лице без придружба кое одбива да подлежи на медицинско испитување, нема да се заснова само врз таквото одбивање.
Фактот дека малолетното лице без придружба одбило да подлежи на медицинско испитување, нема да ги спречи надредените власти да донесат одлука за барањето за меѓународна заштита.
6. Најдобриот интерес на детето ќе биде примарна цел на земјите-членки во имплементирањето на оваа Директива.
Ако земјите-членки, во текот на постапката за азил, идентификуваат лице како малолетно лице без придружба, тие може:
(а) да го спроведат или да продолжат да го спроведуваат член 31(8) само ако:
(i) барателот доаѓа од земја што ги исполнува критериумите за да се смета за безбедна земја на потекло според оваа Директива; или
(ii) барателот доставил подоцнежно барање за меѓународна заштита која не е дозволена според член 40(5); или
(iii) барателот може поради сериозни причини да се смета за опасност за националната безбедност или јавниот ред на земјата-членка, или барателот присилно е протеран поради сериозни закани за јавната безбедност или јавниот ред според националниот закон;
(б) да го спроведат или да продолжат да го спроведуваат член 43, во согласност со членовите 8 до 11 од Директивата 2013/33/ЕУ, само ако:
(i) барателот доаѓа од земја што ги исполнува критериумите за да се смета за безбедна земја на потекло според значењата одредени во оваа Директива; или
(ii) барателот доставил подоцнежно барање; или
(iii) барателот може поради сериозни причини да се смета за опасност за националната безбедност или јавниот ред на земјата-членка, или барателот присилно е протеран поради сериозни закани за јавната безбедност или јавниот ред според националниот закон; или
(iv) постојат разумни причини да се смета дека одредена земја што не е земја-членка е безбедна земја од третиот свет за барателот, согласно член 38; или
(v) барателот ги наведува на погрешно мислење властите со поднесување лажни документи; или
(vi) барателот намерно ги уништил или ги фрлил документите за идентификација и патничките документи што би помогнале за потврдување на неговиот или нејзиниот идентитет или националност.
Земјите-членки може да ги применат точките (v) и (vi) само во поединечни случаи каде што постојат сериозни причини да се смета дека барателот се обидува да сокрие релевантни елементи што веројатно би довеле до негативна одлука ако на барателот му е дадена целосна можност, со оглед на посебните процедурални потреби на малолетните лица без придружба, да изнесе добра причина за дејствата наведени во точките (v) и (vi), вклучувајќи и советување со неговиот или нејзиниот застапник;
(в) да сметаат дека барањето е недозволено според член 33 (2) (в) ако земјата што не е земја-членка се смета за безбедна земја од третиот свет за барателот според член 38, сè додека тоа е во најдобар интерес на малолетното лице;
(г) да ја применат процедурата утврдена во член 20(3) каде што претставникот на малолетното лице има законски квалификации во согласност со националниот закон.
Без исклучување на член 41, според член 46(6) за малолетни лица без придружба, земјите-членки гарантираат спроведување на член 46(7) во сите случаи.