Жртви на тортура и насилство
1. Земјите-членки се должни да гарантираат дека лицата што претрпеле тортура, силување или други сериозни акти на насилство, ќе добијат потребен третман за штетата предизвикана од таквите акти, а особено достапност до соодветни медицински и психолошки третман или нега.
2. Лицата што работат со жртви на тортура, силување или други сериозни акти на насилство ќе посетуваат и ќе продолжат да посетуваат соодветна обука за овој вид потреби, и за нив ќе важат правилата за доверливост според националното законодавство, во однос на која било информација што ќе ја добијат во текот на нивната работа.