Гаранции за малолетни лица без придружба
1. Во однос на сите процедури според оваа Директива и без исклучок на одредбите од членовите 14 до 17, земјите-членки се должни:
...(б) да гарантираат дека застапникот има можност да го информира малолетното лице без придружба за значењето и можните последици од личното сослушување и, каде што е соодветно, како да се подготви за личното сослушување. Земјите-членки гарантираат дека застапникот и/или правниот советник или друг стручен советник одреден или одобрен како таков според националниот закон, ќе бидат присутни на сослушувањето и ќе имаат можност да постават прашања или да изнесат коментари во рамките поставени од лицето што го спроведува сослушувањето.
Земјите-членки може да бараат присуство на малолетното лице без придружба на личното сослушување дури и ако е присутен застапникот.