Гаранции за малолетни лица без придружба
5. Земјите-членки може да спроведат медицински испитувања за одредување на возраста на малолетните лица без придружба во рамките на разгледувањето на барањето за меѓународна заштита во случаите во кои, по општите изјави или други релевантни индикатори, земјите-членки имаат сомнежи за возраста на барателот. Ако земјите-членки не се сигурни за возраста на барателот, може да претпостават дека барателот е малолетно лице.
Секое медицинско испитување се спроведува со целосна почит кон достоинството на лицето, нема да биде инвазивно и ќе биде изведено од квалификуван медицински персонал кој, до одредена мера, ќе биде веродостоен за резултатите.
Ако се употребуваат медицински испитувања, земјите-членки се должни да гарантираат дека:
(а) малолетните лица без придружба се информирани пред испитувањето на нивното барање за меѓународна заштита и на јазик што тие го разбираат или се претпоставува дека го разбираат, за можноста дека нивната возраст може да биде одредена со медицинско испитување. Ова ќе вклучи информации за методот на испитување и можните последици од резултатот на медицинското испитување за разгледувањето на барањето за меѓународна заштита, како и последиците од одбивање на малолетното лице без придружба да подлежи на медицинско испитување;
(б) малолетните лица без придружба и/или нивните претставници се согласни да се изведе медицинското испитување за одредување на возраста на малолетното лице; и
(в) одлуката за одбивање на барањето за меѓународна заштита од малолетното лице без придружба кое одбива да подлежи на медицинско испитување, нема да се заснова само врз таквото одбивање.
Фактот дека малолетното лице без придружба одбило да подлежи на медицинско испитување, нема да ги спречи надредените власти да донесат одлука за барањето за меѓународна заштита.