Правата на детето
1. Децата имаат право на заштита и грижа каква што им е потребна за нивната добросостојба. Тие може да ги изразат своите ставови слободно. Таквите ставови ќе бидат земени предвид во врска со прашања што ги засегаат во согласност со нивната возраст и зрелост.
2. Во сите дејства поврзани со деца, преземени од јавните власти или од приватните институции, најдобрите интереси на детето мора да се од примарна важност.
3. Секое дете има право да одржува постојан личен однос и директен контакс со двајцата родители, освен ако тоа е спротивно на неговиот или нејзиниот интерес.