Со назначувањето старател треба да се осигури најдобрите интереси на детето да бидат целосно земени предвид и да бидат застапувани во текот на целата постапка. Старателот треба да осигури правните, социјалните, здравствените и психолошките потреби на детето да бидат соодветно земени предвид во текот на целата постапка за признавање право на азил и сè додека не се пронајде трајно решение за детето. Организации или поединци чии интереси се во судир или би можеле да бидат во судир со тие на детето, нема да имаат право да станат негови старатели (Член 24(1) од Изменетата директивата ДУП).