Културата, верата и убедувањата на барателот може да го одредат начинот на кој барателот ги сфаќа социјалните улоги и односите на моќта, како и начинот на кој ги разбира, толкува и ги претставува информациите. Другите фактори како образование, возраст, јазик, пол, социјален статус и обичаи се исто така важни во овој поглед.