Од пресудно значење е да се земе предвид факторот на возраста кога се проценува веродостојноста во случај на дете. Изјавите на детето може да бидат недоследни, нејасно искажани или да вклучуваат изрази што детето ги чуло од возрасни. Возраста е релевантен фактор, како во однос на времето кога се случиле настаните што ги доживеало, така и во однос на времето кога се дава изјавата (доказите).