Менталните нарушувања може да влијаат врз квалитетот и количината на информации коишто барателот сака и/или може да ги даде. Изјавите може да се фрагментирани, неповрзани, да отстапуваат од временската оска, да се дадени импулсивно наместо свесно. Поради одредени ментални нарушувања, некои изјави може да се сосема надвор од реалноста. Потребно е да се земат предвид таквите фактори кога се проценува веродостојноста.