Траумата предизвикана од насилство што барателот го искусил може да има сериозно влијание врз процесот на сеќавање и, според тоа, врз способноста на барателот да се присети на информации за минати настани. Изјавите може да немаат хронолошки редослед и да се недоследни, или барателот може да избегнува да се присети како механизам за справување со траумата. Овластеното службено лице треба да биде свесно за тие фактори и да ги земе предвид кога разгледува можна контрадикторност или недостиг на детали при проценување на веродостојноста.