Гаранции за притворени баратели
1. Барателот ќе биде притворен колку што е можно пократко и ќе биде во притвор само ако постојат причините за тоа, утврдени во член 8(3).
Административните постапки релевантни на причините за притвор утврдени во член 8(3) ќе бидат спроведени во целост. Одложување на административните постапки за кое не виновен барателот, не е оправдување за продолжување на притворот.
2. Притворот на барателите ќе биде одреден во писмена форма од судските или административните органи. Во налогот за притвор се наведуваат причините и законот врз кој заснова.
3. Ако притворот е одреден од административните органи, земјите-членки ќе обезбедат спроведување итно судско утврдување на законитоста на притворот по службена должност и/или на барање на барателот. Ако е по службена должност, одлуката ќе се донесе што е можно побрзо од почетокот на притворот. Ако е на барање на барателот, ќе се одлучи што е можно побрзо по започнувањето на релевантните постапки. За оваа цел, земјите-членки во националниот закон го утврдуваат периодот во кој ќе се изврши судското разгледување по службена должност и/или на барање на барателот.
Ако, како резултат на судското разгледување, притворот се смета за незаконски, барателот ќе биде ослободен веднаш.
4. Притворените баратели ќе бидат известени веднаш во писмена форма, на јазикот што го разбираат или се претпоставува дека го разбираат, за причините за притворот и постапките утврдени во националниот закон што предизвикале налог за притвор, како и за можноста за барање на бесплатна правна помош и застапник.
5. Притворот го разгледува судски орган во разумен временски период, по службена должност и/или на барање на барателот, особено ако станува збор за пролонгирано времетраење, релевантни околности или нови информации што се достапни што може да влијаат врз законитоста на притворот.
6. Во случаите на правно разгледување на барањето за притвор според став 3, земјите-членки се должни да се погрижат барателите да имаат пристап до бесплатна правна помош и застапник. Ова вклучува, во најмала рака, подготовка на потребните процедурани документи и присуство во сослушувањето пред судските органи во име на барателот.
Бесплатната правна помош и застапник се обезбедуваат од соодветно квалификувани лица како што е одредено или дозволено со националното законодавство чии интереси не се судруваат или не би можеле потенцијално да се судрат со оние на барателот.
7. Земјите-членки може да обезбедат бесплатната правна помош и застапник:
(а) само за оние што немаат доволно ресурси; и/или
(б) само преку услугите обезбедени од законски советници или други стручни советници одредени според националното законодавство за помош и застапување на барателите.
8. Земјите-членки може исто така:
(а) да наметнат парични и/или временски граници за обезбедување на бесплатната законска помош и застапникот, ако на тој начин не се ограничува достапноста до правна помош од застапник;
(б) да гарантираат дека во однос на надоместоците и другите трошоци, нема да се фаворизира третманот на барателите наспроти оној што е општо одреден за нивните државјани во случаите со правна помош.
9. Земјите-членки може да побараат надомест за одредени трошоци целосно или делумно само ако финансиската состојба на барателот се подобрила значително или ако одлуката за доделување на таква помош е донесена врз основа на лажни информации поднесени од барателот.
10. Постапките за пристап до правна помош и застапник се утврдени во националното законодавство.