Воспитување и едукација на малолетни лица
1. Земјите-членки се должни да им обезбедат пристап на малолетните деца на барателите и на барателите до образовен систем под слични услови како за нивните државјани доколку не постојат мерки за протерување што се стапени во сила против нив или нивните родители. Таквото образование може да се спроведе во прифатните центри.
Засегнатата земја-членка може да наложи таквиот пристап да биде ограничен на државниот образовен систем.
Земјите-членки нема да отстапат од средно образование само поради тоа што малолетното лице станало полнолетно.
2. Пристапот до образовниот систем нема да се одложи подолго од три месеци од датумот на кој била поднесено барање за меѓународна заштита од него или во име на малолетното лице.
Подготвителни часови, вклучувајќи и часови по јазик, ќе бидат достапни за малолетните лица онаму каде е потребно да се приспособи нивниот пристап и учество во образовниот систем како што е утврдено во став 1.
3. Ако не е возможен пристап до образовен систем според став 1, поради посебна состојба на малолетното лице, земјата-членка треба да понуди друг вид образование според нејзиниот национален закон и практика.