Малолетно лице без придружба
3. Земјите-членки се должни да започнат постапка за пронаоѓање на членовите од семејството на малолетното лице без придружба, ако е потребно со помош на меѓународни или други релевантни организации, веднаш штом е возможно откако ќе се поднесе барање за меѓународна заштита, со цел за заштита на неговиот или нејзиниот најдобар интерес. Во случаи каде што може да постои закана за животот или интегритетот на малолетното лице или неговите или нејзини блиски роднини, особено ако тие останале во земјата на потекло, мора да се гарантира дека ќе се спроведе собирање, процесирање и споделување на информации за тие лица врз основа на доверливост со цел да се избегне загрозување на нивната безбедност.