Дете коешто било жртва на каква било форма на злоупотреба, запоставување, експлоатација, измачување или сурово, нечовечко и деградирачко постапување или дете коешто настрадало од вооружен конфликт, треба да добие сигурен пристап до рехабилитација, соодветна ментална здравствена заштита и советување (Член 23(4) од Изменетата директива ДУП). Врз основа на темелна проценка на потребите на детето, овластеното службено лице треба, доколку постои потреба, да го упати детето до релевантните служби за рехабилитација.