Децата коишто бараат меѓународна заштита треба да добијат навремен пристап до образование под слични услови како тие што ги имаат децата државјани на земјата-домаќин. Ова може да вклучува подготвителни часови, вклучувајќи часови по јазик кога е потребно, за да му се олесни пристапот и учеството на детето во образовниот систем.