Потрага по членовите на семејството треба да се започне ако детето не е во придружба на еден или двајцата родители и ако се процени дека тоа е во најдобар интерес за детето. При проценката дали потрагата по семејството е во најдобар интерес на детето, треба да се слушнат и да се земат предвид ставовите на детето согласно неговата возраст и зрелост. Безбедноста на детето треба да биде од примарната важност кога се прави проценка дали да се отпочне со постапка за пронаоѓање на семејството.