Задржувањето ќе се употребува само кога ќе се покаже како неопходно врз основа на индивидуалната проценка и ако не може ефективно да се применат други помалку присилни алтернативни мерки. Во случајот на лица со посебни потреби, при разгледувањето на можноста за задржување треба да се земе предвид дека треба да се задоволат нивните посебни потреби. Нивното здравје, вклучувајќи го и менталното здравје, ќе биде од примарна важност за националните власти (Член 11 (1) од Изменетата директива ДУП).