Во случај на баратели со попреченост, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот (на пр. толкувач по знаковен јазик, материјали испечатени со крупни букви). За барателите со интелектуална попреченост, во зависност од степенот на попреченост, овластеното службено лице треба да користи прилагоден начин на зборување, да повторува или да одвои повеќе време.