RS4P3
И старателот може да биде вклучен во информирање на детето.
И старателот може да биде вклучен во информирање на детето.
Согласно националната пракса, можеби постојат посебни информативни брошури или други материјали (стрипови, видео материјали итн.). Овластеното службено лице треба да го приспособи начинот на изразување на возраста и на зрелоста на детето.
Земајќи ги предвид индивидуалните околности, вклучувајќи ја возраста и зрелоста на детето, овластеното службено лице треба да овозможи информации за правата и обврските на детето.
На одредени баратели, во зависност од типот на ментално нарушување, може да им биде потребна помош во остварување на нивната процесна способност. Во зависност од националната пракса, барателот можеби да има потреба од застапник во постапка за признавање право на азил. Осигурете дека се создадени соодветните услови пред да се продолжи со следните чекори во постапката.
На лицата со интелектуална попреченост може да им биде потребна помош во остварување на нивната процесна способност. Во зависност од степенот на интелектуална попреченост, барателот можеби ќе има потреба да биде застапуван во постапка за признавање право на азил. Осигурете дека се создадени соодветните услови пред да се продолжи со следните чекори во постапката.
Со назначувањето старател треба да се осигури најдобрите интереси на детето да бидат целосно земени предвид и да бидат застапувани во текот на целата постапка. Старателот треба да осигури правните, социјалните, здравствените и психолошките потреби на детето да бидат соодветно земени предвид во текот на целата постапка за признавање право на азил и сè додека не се пронајде трајно решение за детето.
Земете го предвид принципот на доверливост.
Одговорните за разгледување на барањето за меѓународна заштита треба да се известат за соодветните показатели или препознаените посебни потреби за да може да ги земат предвид во смисла на осигурување на посебни гаранции во постапката за признавање право на азил.
Другите чинители вклучени во процесот на прифат и сместување на барателите на меѓународна заштита, како и тие задолжени за проценката и одговарањето на нивните потреби, треба да се известат за какви било показатели на посебни потреби, за да се осигури нивно задоволување.
Согласно националната пракса, за тие показатели треба да се известат другите релевантни чинители.