Skip to main content

RS1P2

Submitted by ferragi on

Може да бидат потребни чекори во однос на безбедноста на барателот како и на другите лица, на пример, надзор во однос на придржување до третман или лекување. 

RS1P1

Submitted by ferragi on

Трговците со луѓе може да се обидат повторно да воспостават контрола над лицата што биле предмет на трговија. Постапките што се преземаат треба да имаат за цел колку што може да ја намалат таквата опасност. Во одредени ситуации може да треба да се стапи во контакт со органите на прогон. 

RS19P4

Submitted by ferragi on

Овластеното службено лице, на начин соодветен за деца, треба да побара од детето информации за неговото семејство. Целта и постапката за пронаоѓање на семејството треба да му биде објаснета на детето и детето да може слободно да ги изрази своите ставови. Ставовите на детето ќе бидат земени предвид согласно неговата возраст и зрелост. Безбедноста на детето ќе биде од примарна важност кога се прави проценка дали се отпочне со постапка за пронаоѓање на семејството.  

RS19P3

Submitted by ferragi on

Земјите-членки ќе започнат потрага по членовите на семејството на малолетници без придружба што е можно побрзо откако било направено барање за меѓународна заштита, кога е тоа потребно со помош на меѓународните или други релевантни организации, притоа штитејќи го најдобриот интерес на детето.

RS19P2

Submitted by ferragi on

Потрага по членовите на семејството треба да се започне ако детето не е во придружба на еден или двајцата родители и ако се процени дека тоа е во најдобар интерес за детето. При проценката дали потрагата по семејството е во најдобар интерес на детето, треба да се слушнат и да се земат предвид ставовите на детето согласно неговата возраст и зрелост. Безбедноста на детето треба да биде од примарната важност кога се прави проценка дали да се отпочне со постапка за пронаоѓање на семејството.

RS18P2

Submitted by ferragi on

Учество во образовниот систем треба да се осигури за време на целиот престој на детето во земјата-домаќин, а пристапот до средно образование не треба да се прекине само поради тоа што детето достигнало полнолетство. 

RS18P1

Submitted by ferragi on

Децата коишто бараат меѓународна заштита треба да добијат навремен пристап до образование под слични услови како тие што ги имаат децата државјани на земјата-домаќин. Ова може да вклучува подготвителни часови, вклучувајќи часови по јазик кога е потребно, за да му се олесни пристапот и учеството на детето во образовниот систем.

RS17P1

Submitted by ferragi on

Осигурете дека на барателот му се обезбедени потребните услови за поддршка во зависност од посебните потреби (на пр. толкувач по знаковен јазик, инвалидска количка).