Skip to main content

RS14P2

Submitted by ferragi on

Најдобриот интерес на детето ќе биде од примарна важност и на детето ќе му биде осигурен животен стандард соодветен на неговиот/нејзиниот физички, ментален, духовен, морален и социјален развој (Член 23(1) од Изменетата директива ДУП).

RS14P19

Submitted by ferragi on

Овластеното службено лице треба да осигури дека се задоволени потребите на лицето во однос на сместувањето, земајќи го предвид полот и личните околности, и особено околностите во однос на безбедноста (Член 18(4) од Изменетата директива ДУП). 

RS14P18

Submitted by ferragi on

Неопходната заштита од областа на менталното здравје треба да биде на  располагање и достапна во рамки на објектот за сместување или во негова близина. Во некои случаи може да биде неопходно упатување на психијатриски служби. 

RS14P17

Submitted by ferragi on

Неопходната здравствена заштита треба да биде на располагање и да е достапна во рамки на објектот за сместување или во негова близина. Обезбеденото сместување треба да биде приспособено на медицинската ситуација на лицето (на пр. безбедно чување на лекови).

RS14P16

Submitted by ferragi on

За да се осигури дека на лицето му се задоволени потребите во однос на сместувањето земајќи ги предвид личните околности и особено безбедноста, тоа треба да добие соодветно сместување. Тоа може да биде сместување за баратели на меѓународна заштита или специјализирано сместување за жртви на трговија со луѓе. Погледнете ја националната пракса.

RS14P15

Submitted by ferragi on

Сместувањето треба да е соодветно, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на самохраниот родител, на пример, во близина да има установи за детска заштита, близината до училиште и превоз, услуги за готвење/греење итн., како и потребите на детето. Ако е можно, самохраните родители со малолетни деца не треба да бидат сместени со непознати возрасни лица од безбедносни причини.

RS14P14

Submitted by ferragi on

Кога се договара сместувањето, важно е тој што го обезбедува сместувањето да биде доволно информиран, за да му се овозможи да ги направи потребните приспособувања. На пример, треба да се пренесат информации за фазата на бременоста на барателката, бидејќи од тоа  може да зависи изборот на објектот за сместување. Нивото на информации што се обезбедуваат треба да биде оправдано и пропорционално согласно националната пракса. 

RS14P13

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, пренаталната заштита и соодветните услуги треба да бидат на разумно растојание од сместувањето. Исто така, во случаи на напредна фаза од бременоста и/или кога жената веќе добива заштита од соодветните служби, барателката треба да има можност, колку што е тоа возможно, да продолжи да живее во таа област и да продолжи да ја добива моменталната заштита и другата помош на која се потпира.

RS14P12

Submitted by ferragi on

Најдобра пракса е бремените жени да се распоредат што е можно побрзо, за да се подготви соодветна нега во зоната за распоредување. 

RS14P11

Submitted by ferragi on

Кога барателот го придружува возрасен роднина (лице за поддршка) којшто му помага (и којшто е барател на азил), земјите-членки треба да осигурат, најмногу што е можно, тие да бидат сместени заедно (Член 18(5) од Изменетата директива ДУП).