Skip to main content

RS15P1

Submitted by ferragi on

Треба да се обезбеди здравствена заштита во однос на посебните потреби на барателот согласно националната пракса. Земјите-членки ќе им ја обезбедат потребната медицинска или друга помош на баратели коишто имаат посебни потреби за прифат, вклучувајќи ја соодветната заштита на менталното здравје кога е тоа потребно (Член 19(2) од Изменетата директива ДУП).

RS14P9

Submitted by ferragi on

Треба да се направи проценка на посебните потреби на барателот, за да се осигури пристапност до објектот за сместување. 

RS14P8

Submitted by ferragi on

Во зависност од националната пракса и индивидуалните околности на барателот, тој треба да биде сместен во објект со посебни решенија или објект што е погоден за лица со попреченост. 

RS14P7

Submitted by ferragi on

Треба да се земе предвид полот и возраста на детето.

RS14P4

Submitted by ferragi on

Детето ќе има пристап до слободни активности, вклучувајќи забавни и рекреативни активности соодветни за неговата возраст, во рамките на центарот за сместување, како и пристап до активности на отворено (Член 23(3) од Изменетата директива ДУП).

RS14P21

Submitted by ferragi on

Може да постои посебно сместување за жени или мажи самци. Погледнете ја националната пракса.

RS14P20

Submitted by ferragi on

Мажите и жените кои не се дел од истото семејство треба да бидат сместени одделно, вклучувајќи и одделни делови за спиење и купатила. Другата инфраструктура може да се дели.