Skip to main content

LA7P1

Submitted by ferragi on

Во зависност од возраста и зрелоста на детето, информациите може да му се дадат и на возрасното лице што го придружува. Овластеното службено лице треба да овозможи информации за постапка за признавање право на азил и за правата и обврските на барателот.

LA6P4

Submitted by ferragi on

Информациите треба да се даваат на внимателен начин, имајќи ги предвид полот и културата.

LA6P1

Submitted by ferragi on

Во случај на баратели со попреченост, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот (на пр. толкувач по знаковен јазик, материјали испечатени со крупни букви). За барателите со интелектуална попреченост, во зависност од степенот на попреченост, овластеното службено лице треба да користи прилагоден начин на зборување, да повторува или да одвои повеќе време.

LA6P3

Submitted by ferragi on

Во случај на баратели со ментални нарушувања, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот. Во зависност од видот и степенот на менталното нарушување, овластеното службено лице треба да користи прилагоден начин на зборување, да повторува, да одвои повеќе време итн.

LA6P2

Submitted by ferragi on

Во случај на постари баратели, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение, за да осигури комуникација со барателот (на пр. материјали испечатени со големи букви, помагало за слушање). 

LA5P3

Submitted by ferragi on

Во некои случаи, старателот може да биде вклучен во обезбедувањето информации на детето без придружба.

LA5P2

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, можеби постојат посебни информативни брошури или други материјали (стрипови, видео материјали итн.). Овластеното службено лице треба го приспособи јазикот на возраста и на зрелоста на детето. 

LA5P1

Submitted by ferragi on

Зависно од потребата, земајќи ги предвид индивидуалните околности, вклучувајќи ја возраста и зрелоста на детето, овластеното службено лице треба да обезбеди информации за постапка за признавање право на азил и за правата и обврските на детето.

LA4P2

Submitted by ferragi on

На пример, во случај на бремена жена, можеби била потребна  медицинска интервенција или жената-барател се породила.

LA4P1

Submitted by ferragi on

Во некои случаи, како резултат на индивидуалните околности на барателот, може да помине подолго време помеѓу правењето и поднесувањето на барањето.