LA21P2
Во однос на трговијата со луѓе, може да постои национална политика со која се утврдени роковите за суспендирање или продолжување на постапката за одлучување за право на азил.
Во однос на трговијата со луѓе, може да постои национална политика со која се утврдени роковите за суспендирање или продолжување на постапката за одлучување за право на азил.
Согласно националната пракса и индивидуалните околности на барателот, разгледувањето на барањето може да се постави како приоритет (Член 31(7)(б) од Изменетата директива ДПА) или да му се овозможи подолго време.
Детето има право слободно да ги изрази своите ставови и тие ставови да бидат земени предвид во однос на работите што го засегаат согласно неговата возраст и зрелост (Член 24(1) од Повелбата за фундаментални права и Член 12 од Конвенцијата за правата на детето).
Согласноста се бара во моментот кога се поднесува барањето или, најдоцна, кога се врши сослушување на лицето кое има потреба од застапување. Пред да се побара согласност, секое лице кое има потреба од застапување ќе биде информирано за релевантните последици од поднесувањето барање од страна на главниот барател во негово/нејзино име и за неговото/нејзиното право да направи одделно барање за меѓународна заштита (Член 7(2) од Изменетата директива ДПА).
Сите возрасни лица мора да добијат можност да поднесат посебно барање за меѓународна заштита. Во случај кога националната постапка дозволува барањата да бидат поднесени во име на лице кое има потреба од застапување, тогаш ќе се осигури дека лицето кое има потреба од застапување дава информирана согласност за поднесување на барањето во негово име.
Овластеното службено лице што работи со дете, треба во текот на целата постапка да ги проценува најдобрите интереси на детето.
Барател од женски пол треба да бидат информиран за каква било посебна дополнителна помош што им е на располагање на жени, доколку постои.
Може да постојат релевантни групи за помош коишто го опфаќаат сегментот на ЛГБТИ во контекст на имиграција/азил.
Таквите групи може да имаат за цел помагање на жртви на трговија со луѓе или сродни проблеми, како жртви на родово-базирано насилство.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира барателот.