LA18P3
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира детето и/или старателот.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира детето и/или старателот.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира детето и/или возрасното лице што го придружува.
Дополнителна помош може да обезбедат други чинители, како што се невладини организации, хуманитарни здруженија или групи во заедницата.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на жртви на трговија со луѓе. Во случај на показатели што укажуваат на трговија со луѓе, лицето треба да биде упатено до надлежните служби преку Националниот механизам за упатување. Покрај тоа, може да постојат и дополнителни служби за помош, како што е психо-социјалната помош, до коишто може да бидат упатени жртвите.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на лица со ментални нарушувања. Помошта може да ја обезбедуваат, на пример, специјализирани здравствени работници и/или во соработка со надворешни специјализирани установи за ментално здравје.
Согласно националната пракса, може да постојат служби коишто им се на располагање на лица со сериозни заболувања. Тие можат да бидат, на пример, болници, здравствени центри, регионални здравствени центри, аптеки, специјализирани установи, а покрај медицинската помош може да пружаат и психо-социјална поддршка и лекување, итн.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на самохрани родители. Тие можат да вклучуваат, на пример, посебни програми за самохрани родители и часови по родителство, како и згрижување по училиште или дневен престој.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на бремени жени. Тоа главно би биле медицински служби, но може да вклучуваат и пренатални часови каде што мајката (и таткото) учат за бременоста и за негата на детето.
Може да постојат специјализирани служби за помош коишто им се на располагање на постари лица.
Може да постојат специјализирани служби за помош коишто им се на располагање на лица со попреченост. Погледнете ја националната пракса.