Skip to main content

IC8P1

Submitted by ferragi on

Треба да се следи Националниот механизам за упатување, доколку постои, како и националните насоки/пракса.  

IC7P3

Submitted by ferragi on

Може, исто така, по влегување во гранична/итна постапка да биде откриена бременост. Во такви ситуации може да е соодветно изземање од граничната/итната постапка.

IC7P2

Submitted by ferragi on

Може, исто така, по влегување во гранична/итна постапка да биде откриена бременост. Во такви ситуации може да е соодветно изземање од граничната/итната постапка.

IC7P1

Submitted by ferragi on

Нема да се употребуваат гранични и забрзани постапки освен доколку во рамки на тие постапки може да се обезбеди соодветна поддршка во однос на посебните потреби на барателот (Член 24(3) од Изменетата директива ДПА).

IC6P2

Submitted by ferragi on

Постапката за признавање право на азил треба да продолжи согласно националната пракса и Националниот механизам за упатување. Тоа може да значи дека се предвидува период на разгледување во текот на кој ќе биде суспендирана постапката за признавање право на азил или поради кој таа ќе биде продолжена.

IC5P12

Submitted by ferragi on

Во некои општества, на пример, жените не се вклучени и не се информирани за активностите на нивните сопрузи; или можеби не се научени да споделуваат приватни информации со непознати, особено со непознати од спротивниот пол. Треба да се земат предвид тие фактори кога се проценува веродостојноста.

IC5P11

Submitted by ferragi on

Во однос на ЛГБТИ аспектот, барателот можеби во прво време не навел дека барањето е поврзано со неговата сексуална ориентација или родов идентитет. Тоа може да биде, на пример, поради тоа што доаѓа од култура каде што овие теми се табу. Овластеното службено лице треба да ги земе предвид овие фактори и да гледа на случајот во контекст на сите докази и да донесе соодветна одлука. 

IC5P10

Submitted by ferragi on

Чувствата на срам и вина може исто така да бидат пречка за барателот да зборува за настанот. Овластеното службено лице не треба да очекува барателот да споделува детали за искуството на насилство, особено сексуално насилство.

IC5P9

Submitted by ferragi on

Траумата предизвикана од насилство што барателот го искусил може да има сериозно влијание врз процесот на сеќавање и, според тоа, врз способноста на барателот да се присети на информации за минати настани. Изјавите може да немаат хронолошки редослед и да се недоследни, или барателот може да избегнува да се присети како механизам за справување со траумата. Овластеното службено лице треба да биде свесно за тие фактори и да ги земе предвид кога разгледува можна контрадикторност или недостиг на детали при проценување на веродостојноста.