Skip to main content

IC3P3

Submitted by ferragi on

Детето и/или старателот треба да бидат упатени до релевантните служби за помош, ако постојат такви.

IC3P2

Submitted by ferragi on

Детето и/или возрасното лице што го придружува треба да бидат упатени до релевантните служби за помош, ако постојат такви.

IC3P13

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, на барателот може да му бидат на располагање служби за поддршка во однос на неговите/нејзините посебни потреби поврзани со родовата припадност. 

IC3P12

Submitted by ferragi on

Ако барателот веќе не користи таква посебна помош, осигурете пристап или упатување на соодветна рехабилитација или друга соодветна служба за помош согласно националната пракса. 

IC3P11

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош  коишто им се на располагање на лица со ментални нарушувања. Помошта може да ја обезбедуваат, на пример, специјализирани здравствени работници и/или во соработка со надворешни специјализирани установи за (ментално) здравје.

IC3P10

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, може да постојат служби коишто им се на располагање на лица со сериозни заболувања. Тие можат да бидат, на пример, болници, здравствени центри, регионални здравствени центри, аптеки, специјализирани установи, а покрај медицинската помош може да пружаат и психо-социјална поддршка и лекување, итн.

IC3P1

Submitted by ferragi on

Ако барателката не е под заштита на здравствените установи, треба ја  информирате или да ја упатите до установа за пренатална заштита, согласно националната пракса.  

IC2P2

Submitted by ferragi on

Ако барателката не е под заштита на здравствените установи, треба ја  информирате или да ја упатите до установа за пренатална заштита, согласно националната пракса.  

IC2P1

Submitted by ferragi on

Земјите-членки ќе ја обезбедат потребната медицинска или друга помош на баратели коишто имаат посебни потреби за прифат, вклучувајќи и соодветна заштита на менталното здравје онаму каде што е потребно (Член 19(2) од Изменетата директива ДУП). 

IC1P1

Submitted by ferragi on

Ако поради посебните потреби барателот има потреба од дополнителна помош околу постапките, овластеното службено лице треба да ја обезбеди.