IB4P13
Овластеното службено лице не треба да прашува експлицитни прашања за тоа на кој начин барателите на меѓународна заштита ја живеат својата сексуална ориентација.
IB4P12
Барателот може да доаѓа од земја каде што родовиот идентитет или сексуалната ориентација се табу-теми, така што може да му биде тешко да зборува општо за овие теми дури и кога не станува збор за елементот на прогон од неговото/нејзиното барање за меѓународна заштита.
IB4P11
Овластеното службено лице не треба да очекува барателот да се однесува на одреден начин додека раскажува за своите искуства.
IB4P10
За лицата со ментални нарушувања може да биде особено важно при сослушувањето да се следи темпото на барателот.
IB4P1
Сослушувањето треба да се одвива како дијалог меѓу овластеното службено лице и барателот и важно е меѓу нив да се воспостави добар однос.
IB3P5
Кога не е спроведено лично сослушување, ќе се направат разумни напори да му се овозможи на барателот да поднесе дополнителни информации.
IB3P4
Следните чекори може да вклучуваат консултации со медицинско лице (Член 14 од Изменетата директива ДПА).
IB3P3
Во случаи на бременост, презакажувањето на сослушувањето треба да биде во термин што е надвор од кој било заштитен период од бременоста ако е таков пропишан согласно националната пракса.
IB3P2
Ако барателот се чини дека не е во состојба да биде сослушан, овластеното службено лице треба да размисли за прекинување на сослушувањето. Наредните чекори ќе се преземат согласно националната пракса.