IB5P2
Овластеното службено лице треба да осигури потребите на барателот да бидат задоволени во доволна мера, вклучувајќи, на пример, преку дополнителни паузи и освежителни пијалаци.
Овластеното службено лице треба да осигури потребите на барателот да бидат задоволени во доволна мера, вклучувајќи, на пример, преку дополнителни паузи и освежителни пијалаци.
Овластеното службено лице треба да осигури детето да не биде вознемирено од постапката на сослушување и да ја добие потребната морална поддршка и сигурност.
За лицата со сериозни заболувања може да биде особено важно сослушувањето да се подели на покуси делови.
Приспособете го сослушувањето според потребата и одвојте повеќе време доколку е потребно.
Овластеното службено лице можеби ќе треба да го приспособи начинот на изразување, односно почесто да повторува и да одвои повеќе време.
Во случаи на постари баратели, стилот на комуникација треба да биде особено внимателен во однос на културните аспекти.
Во случај на барател со интелектуална попреченост, трудете се да не користите апстрактен јазик. Употребувајте едноставни куси прашања.
Следете одредени шаблони ако се применливи согласно националната пракса.
Стилот на комуникација треба да биде соодветен за дете (Член 15(3)(д) од Изменетата директива ДПА).
Стилот на комуникација треба да биде со емпатија, при што ќе се користат техники со кои ќе се придонесе за зголемување на квалитетот и веродостојноста на изјавите на барателот. Стилот на комуникација треба да ги земе предвид и културата и полот.