Skip to main content

IA5P2

Submitted by ferragi on

Во зависност од националната пракса, барателот можеби ќе има потреба од застапник за време во постапката за признавање право на азил. Осигурете се дека се создадени соодветните услови пред да продолжите со следните чекори во постапката.

IA5P1

Submitted by ferragi on

На барателите со интелектуална попреченост може да им биде потребна помош во остварување на нивната процесна способност.  Во зависност од националната пракса, барателот можеби ќе има потреба од застапник за време во постапката за признавање право на азил. Осигурете се дека се создадени соодветните услови пред да продолжите со следните чекори во постапката.

IA4P1

Submitted by ferragi on

Со назначувањето старател треба да се осигури најдобрите интереси на детето да бидат целосно земени предвид и да бидат застапувани во текот на целата постапка. Старателот треба да осигури правните, социјалните, здравствените и психолошките потреби на детето да бидат соодветно земени предвид во текот на целата постапка за признавање право на азил и сè додека не се пронајде трајно решение за детето.

IA2P3

Submitted by ferragi on

Кога е детето способно да оформи сопствени ставови, тоа ќе добие можност да ги искаже. Погледнете ја националната пракса.

IA2P2

Submitted by ferragi on

Личното сослушување може да не се одржи и во други околности, на пример, кога е можно да се донесе позитивна одлука во однос на статусот на бегалец врз основа на доказите што се на располагање (Член 14 од Изменетата директива ДПА).  

IA2P1

Submitted by ferragi on

Кога е детето способно да оформи сопствени ставови, тоа ќе добие можност да ги искаже, директно или преку возрасно лице кое го придружува. Погледнете ја националната пракса.

IA1P5

Submitted by ferragi on

Овластеното службено лице може да има потреба од дополнителни информации за состојбата на барателот за да може да ги земе предвид неговите посебни потреби за време на сослушувањето.

IA1P4

Submitted by ferragi on

Исто така, согласно националната пракса, овластеното службено лице може да побара мислење од релевантни чинители (пр. здравствен работник, социјален работник, правен застапник итн.) во однос на подготвеноста на барателот да биде сослушан.

IA1P3

Submitted by ferragi on

Во зависност од состојбата, сослушувањето може да не се одржи или да се одложи. Медицинската проценка може да укаже и дека лицето може да биде сослушувано, но со одредени рестрикции коишто треба да се земат предвид од страна на службите што носат одлука. Рестрикциите треба да се решат на соодветен начин (логистика, консултации со релевантни чинители итн.) согласно националното право и пракса. 

IA1P2

Submitted by ferragi on

Кога се сомнева, овластеното службено лице може да се консултира со медицински професионалец согласно националната пракса.