Skip to main content

FC9P3

Submitted by ferragi on

На одредени баратели, во зависност од типот на менталното нарушување, може да им биде потребна помош во остварување на нивната процесна способност. Во зависност од националната пракса, барателот можеби ќе има потреба од застапник за време во постапката за признавање право на азил. Осигурете се дека се создадени соодветните услови пред да продолжите со следните чекори во постапката.

FC9P2

Submitted by ferragi on

На лицата со интелектуална попреченост може да им е потребна помош во остварување на нивната процесна способност. Во зависност од степенот на интелектуалната попреченост, барателот можеби ќе има потреба од застапник во постапка за признавање право на азил. Осигурете се дека се создадени соодветните услови пред да продолжите со следните чекори во постапката.

FC9P1

Submitted by ferragi on

Со назначувањето старател треба да се осигури дека најдобрите интереси на детето ќе бидат целосно земени предвид и застапувани низ постапката. Старателот треба да осигури дека правните, социјалните, здравствените и психолошките потреби на детето се соодветно земени предвид во текот на целата постапка за признавање право на азил и сè додека не се пронајде трајно решение за детето. 

FC8P1

Submitted by ferragi on

Во случаи на бременост, можно е членовите на семејството или другите лица поврзани со барателот да не знаат за бременоста.  Кога треба да се споделат информации за бременоста со други лица, вклучувајќи ги членовите на семејството, овластеното службено лице треба да побара согласност за тоа од барателот.

FC7P4

Submitted by ferragi on

Информациите треба да се даваат на внимателен начин, имајќи ги предвид полот и културата.

FC7P3

Submitted by ferragi on

Во случај на баратели со ментални нарушувања, овластеното службено лице може да  треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот. Во зависност од типот на менталното нарушување и неговата сериозност, овластеното службено лице треба користи прилагоден начин на зборување, да повторува, да одвои повеќе време итн.

FC7P2

Submitted by ferragi on

Во случај на постари баратели, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот (на пр. материјали испечатени со крупни букви, помагало за слушање). 

FC7P1

Submitted by ferragi on

Во случај на баратели со попреченост, овластеното службено лице може да треба да изнајде друго практично решение за да осигури комуникација со барателот (на пр. толкувач по знаковен јазик, материјали испечатени со крупни букви). За барателите со интелектуална попреченост, во зависност од степенот на попреченост, овластеното службено лице треба да користи прилагоден начин на зборување, да повторува или да одвои повеќе време.

FC6P1

Submitted by ferragi on

Во зависност од возраста и зрелоста на детето, информациите може да треба да му се дадат на возрасното лице кое го придружува. Овластеното службено лице треба да даде упатства во врска со тоа каде и како може да се поднесат барањата за меѓународна заштита. Исто така, службеното лице може да обезбеди дополнителни информации за постапка за признавање право на азил и за правата и обврските на барателот. 

FC5P4

Submitted by ferragi on

Во некои случаи, и старателот може да биде вклучен во давањето информации на детето без придружба.