FC14P10
Осигурете пристап или упатување до соодветните служби за рехабилитација, согласно националната пракса.
Осигурете пристап или упатување до соодветните служби за рехабилитација, согласно националната пракса.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на лица со ментални нарушувања. Помошта може да ја обезбедуваат, на пример, специјализирани здравствени работници и/или во соработка со надворешни специјализирани установи за ментално здравје.
Согласно националната пракса, може да постојат служби коишто им се на располагање на лица со сериозни заболувања. Тие можат да бидат, на пример, болници, здравствени центри, регионални здравствени центри, аптеки, специјализирани установи за лекување и поддршка, вклучувајќи и психолошка поддршка, итн.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на жртви на трговија со луѓе. Во случај на показатели што укажуваат на трговија со луѓе, лицето треба да биде упатено до надлежните служби преку Националниот механизам за упатување. Покрај тоа, може да постојат и дополнителни служби за помош, како што се службите за психолошка поддршка, на коишто може да бидат упатени или насочени жртвите.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на самохрани родители. Тие можат да вклучуваат, на пример, посебни програми за самохрани родители и часови по родителство, како и дневен престој по училиште или дневен престој кога барателот треба да оди на сослушување и не може да го носи детето.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на бремени жени. Тоа главно би биле медицински служби, но може да вклучуваат и пренатални часови каде што мајката (и таткото) учат за бременоста и за негата на детето.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на постари лица.
Може да постојат специјализирани служби за помош коишто им се на располагање на лица со попреченост. Погледнете ја националната пракса.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на деца. Тоа може да бидат специјализирани социјални служби за деца или за детска заштита, посебни програми за деца, установи за заштита на млади, итн. Детето и/или старателот треба да бидат упатени до релевантните служби за помош, ако постојат такви.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на деца со придружба. Тоа може да бидат специјализирани социјални служби за деца или за детска заштита, посебни програми за деца итн. Детето и/или возрасното лице што го придружува треба да бидат упатени до релевантните служби за помош, ако постојат такви.