Skip to main content

FC5P3

Submitted by ferragi on

Малолетните лица без придружба и нивните старатели ќе добијат бесплатни правни информации и информации во врска со постапката (Член 25(4) од ДПА).

FC5P2

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, можеби постојат посебни информативни брошури или други материјали (стрипови, видео материјали итн.). Овластеното службено лице треба го приспособи начинот на изразување на возраста и на зрелоста на детето. 

FC5P1

Submitted by ferragi on

Каде што е потребно, земајќи ги предвид индивидуалните околности, вклучувајќи ја возраста и зрелоста на детето, овластеното службено лице треба да обезбеди информации за постапката за признавање право на азил и за правата и обврските на детето.

FC4P1

Submitted by ferragi on

Земјите-членки ќе осигурат малолетно лице да има право да направи барање за меѓународна заштита или во свое име, доколку има процесна способност да дејствува во постапката согласно законот на земјата-членка, или преку родителите или друго возрасно лице што е одговорно за него, било според законите или според праксата на земјата-членка  (Член 7(3) од Изменетата директива ДПА).

FC3P2

Submitted by ferragi on

Во одредени ситуации, службеното лице од предна линија може да треба веднаш да стапи во контакт со органите на прогонот, за да се осигури безбедноста на лицето и можеби да се приведе сторителот на делото.

FC3P1

Submitted by ferragi on

Во одредени ситуации, овластеното службено лице може да треба веднаш да стапи во контакт со органите на прогонот, за да се осигури безбедноста на лицето и можеби да се приведе сторителот.

FC2P1

Submitted by ferragi on

Треба да се следи Националниот механизам за упатување, доколку постои, како и националните насоки/пракса.  

FC1P1

Submitted by ferragi on

Ако е возможно согласно националната пракса, земете го предвид полот на барателот и/или тоа што барателот го претпочита во однос на полот на овластеното службено лице и толкувачот што ќе биде вклучен во постапката.

FC19P3

Submitted by ferragi on

Одговорните за разгледување на барањето за меѓународна заштита треба да се известат за соодветните показатели или препознаените посебни потреби за да може да ги земат предвид во смисла на осигурување на посебни гаранции во постапката за признавање право на азил.