IC4P4
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира барателот.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира барателот.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира детето и/или старателот.
Овластеното службено лице може за таквата помош што е на располагање да го информира детето и/или возрасното лице што го придружува.
Дополнителна помош може да обезбедат други чинители, како што се невладини организации, хуманитарни здруженија или групи во заедницата.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на жртви на трговија со луѓе. Во случај на показатели што укажуваат на трговија со луѓе, лицето треба да биде упатено до надлежните служби/организации преку Националниот механизам за упатување. Покрај тоа, може да постојат и дополнителни служби за помош, како што се службите за психолошка поддршка, на коишто може да бидат упатени жртвите.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на самохрани родители. Тие можат да вклучуваат, на пример, посебни програми за самохрани родители и часови по родителство, како и згрижување по училиште или дневен престој.
Доколку пред сослушувањето не се знаело за бременоста, тогаш овластеното службено лице треба да осигури барателката да биде упатена до соодветните служби.
Согласно националната пракса, може да постојат служби за помош коишто им се на располагање на бремени жени. Тоа главно би биле медицински служби, но може да вклучуваат и пренатални часови каде што мајката (и таткото) учат за бременоста и за негата на детето.
Службите за помош може да се на располагање на постари лица согласно националната пракса.
Може да постојат специјализирани служби за помош коишто им се на располагање на лица со попреченост. Погледнете ја националната пракса.