IC10P5
Земете го предвид принципот на доверливост.
Земете го предвид принципот на доверливост.
Другите учесници во постапка за признавање право на азил треба да се известат за соодветните показатели или препознаените посебни потреби за да може да ги земат предвид во смисла на осигурување на посебни гаранции во постапката за признавање право на азил.
Чинителите задолжени за прифат и сместување на барателите на меѓународна заштита, како и тие задолжени за проценка и задоволување на нивните потреби, треба да добијат информации за какви било показатели за посебни потреби, за да се осигури задоволување на потребите.
Согласно националната пракса, тие показатели треба да се евидентираат и за нив да се известат другите релевантни чинители.
Важно е да ги евидентирате показателите за да осигурите дека се задоволени посебните потреби за време на постапката, како во однос на поддршката при прифатот, така и во однос на гаранциите во постапката. Овластеното службено лице во оваа фаза би било во можност да собере докази и да ги евидентира видливите показатели за различни посебни потреби коишто лесно се откриваат. Согласно националната пракса, за тие показатели треба да се известат другите релевантни чинители.
При проценката дали потрагата по семејството е во најдобар интерес на детето, треба да се слушнат и да се земат предвид ставовите на детето согласно неговата возраст и зрелост. Безбедноста на детето треба да биде од примарната важност кога се прави проценка дали да се отпочне со постапка за пронаоѓање на семејството.
Овластеното службено лице, на начин соодветен за деца, треба да побара од детето информации за неговото семејство. Целта и постапката за пронаоѓање на семејството треба да му биде објаснета на детето и детето да може слободно да ги изрази своите ставови.
Земјите-членки ќе започнат потрага по членовите на семејството на малолетници без придружба што е можно побрзо откако било направено барање за меѓународна заштита, кога е тоа потребно со помош на меѓународните или други релевантни организации, притоа штитејќи го најдобриот интерес на детето.
Секое дете има право да одржува редовни лични врски и директен контакт со двајцата свои родители, освен ако е тоа во спротивност на неговиот интерес (Член 24(3) од Повелбата за фундаментални права).
Треба да започне/продолжи пронаоѓањето на членовите на семејството на детето ако детето не го придружува едниот или двајцата родители и ако се процени дека пронаоѓањето е во најдобар интерес на детето.